Languages
Насловна
Сместување на студенти во студентски домови за академската 2008/2009 година
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за академската 2008/2009 година
125 стипендии за студенти по информатика
Ученички стипендии
Студентски кредити
Студентски стипендии
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
ИНСТИТУЦИИ
 
 Сместување на студенти во студентски домови за академската 2008/2009 година

Министерството за образование и наука ги известува сите студентите кои конкурирале согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за учебната 2008/2009 година и се избрани на прелиминарниот список, поднесувањето на документи за студентските домови од Скопје ќе се врши во просториите на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, секој работен ден од 18.08.2008 - 22.08.2008 година од 08-15:00 часот. За останатите студентски домови поднесувањето на документите ќе се врши во просториите на студентските домови. Во истите термини се поднесуваат и приговори.

Потребните документи се поднесуваат лично или ги поднесува родител-старател. При поднесување на документите задолжително e да се понесе индекс и документ за идентификација.

Секој студент потребно е да ги достави следните документи:

  1. Потврда за положени испити;
  2. Потврда за редовен студент;
  3. Потврда за семејно-материјалната положба на студентот, односно неговото семејство;
  4. Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
  5. Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионерите потребно е чек од последната исплатена пензија, а за невработените потврда од соодветен орган;
  6. Студентите - брачни другари, потребно е да достават извод од матична книга на венчаните;
  7. Изјава од родител - старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана.

Напомена: Потребните документи може да ги превземете на следниот линк превземи.

Документите на кандидатите од прелиминарниот список, кои се некомплетни и неблаговремено доставени, односно не ги запазиле конкурсните рокови и услови, нема да се рангираат.

Студентите кои не се избрани на прелиминарниот список имаат право на приговор соглсно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за учебната 2008/2009 година. При поднесување на приговор се доставува и целокупната документација која се бара согласно конкурсот.

При поднесувањето на приговорот студентот задолжитено го доставува и идентификациониот број кој го добива при поднесувањето на електронската пријава. Приговорот се поднесува лично.

Ве молиме пред да започнете со пријавување за сместување во студентски домови за учебната 2008/2009 година, ВНИМАТЕЛНО прочитајте го Упатството за начинот на пријавување(превземете). 

Доколку имате проблеми со пополнување на пријавата пишете на ilija.lazarevski@mon.gov.mk

Од досега пристигнатите пријави може да се заклучи дека кај значителен број на студенти полето во кое се внесува предвидени испити на Вашата студиска програма е погрешно внесено и пријавата се смета за невалидна. Наведеното поле не се однесува на предвидени испити до тековната студиска година или само за една студиска година, се однесува на вкупниот број на предвидени испити на факултетот на кој студирате. Уште еднаш НАПОМЕНУВАМЕ внимателно да прочитате што се бара од вас да се внесе во пријавата.

Почитувани студенти,

согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за учебната 2008/2009 година, од 25.07.2008 до 15.08.2008 година на овој портал по електонски пат ќе може да  се пријавите за добивање на место во државните студентските домови и други објекти за сместување во Република Македонија.

НАПОМЕНА!!!

Кандидатот има право да се пријави повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.

Секој кандидат при успешна пријава добива потврда дека пријавата е успешно прифатена и идентификационен број кој може да го испечати како доказ дека успешно се пријавил.

Новости

Објавен е
конечниот список

Резултати
Услови за пријавување
Конкурси
Потребни документи
Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID