Languages
Насловна
125 стипендии за студенти по информатика
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Студентски кредити
Ученички стипендии
Студентски стипендии
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
 
 Ученички стипендии
           

Министерството за образование и наука, ги известува сите ученици кои се избрани на конечниот список, дека договорот за ученичка стипендија е поставен на следниот линк (договор). Истиот потребно е да се испечати во три еднообразни примероци, да се пополни од страна на ученикот и заедно со фотокопија од трансакциска сметка да се достави до Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 – Скопје, од 11.12.2008 до 12.12.2008 година, од 09.00 до 15.00 часот.

Министерството за образование и наука, Ве известува дека е објавен конечниот список согласно Конкурсот за доделување на стипендии на талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2008/2009 година. Конечниот список може да го погледнете на следниот линк конечен список.

СООПШТЕНИЕ

Министерството за образование и наука, ги известува сите ученици од прелиминарниот список согласно Конкурсот за доделување на стипендии на талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2008/2009 година, дека потребните документи согласно Конкурсот, може да се поднесат и во сабота (22.11.2008 година) од 09.00 до 15.00 часот.

СООПШТЕНИЕ

Министерството за образование и наука ги известува ученици, кои конкурирале согласно Конкурсот за доделување на стипендии на талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2008/2009, дека поднесувањето на документи за учениците од прелиминарниот список ќе се врши во просториите на Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 од 18.11.2008 до 24.11.2008 година од 09-15.00 часот.

Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.

Учениците од прелиминарниот список потребно е да ги достават следните документи:

  1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2008/2009 година;
  2. Заверени фотокопии од свидетелствата за завршени претходни годи­ни на образованието;
  3. Оригинал диплома на увид и заверена фотокопија на нотар за освоено награда на државни или меѓународни натпревари;
  4. Изјава  дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит (превземете);
  5. Изјава дека доставените документи се вистинити, и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава (превземете);
  6. Уверение за државјанство на Република Македонија.
 

По големиот број добиени пораки во врска со проблеми и неаснотии во електронската пријава, Ве советуваме да внимавате на следните работи:

  1. согласно Конкурсот за доделување на стипендии на талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2008/09 година, редовните ученици од I (прва) година во периодот 2004-2008 година потребно е да имаат освоено најмалку две награди за освоено I, II или III место на меѓународен или државен натпревар, притоа во електронската пријава се внесува највисокото освоено место во горе наведениот период, додека со потврдата „Потврдувам дека во периодот од 2004-2008 година, имам освоено најмалку две награди за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар“ потврдувате дека ги исполнувате условите согласно Конкурсот. Во периодот кога сите ученици кои се избрани на прелиминарниот список ги поднесуваат потребните документи согласно Конкурсот, потребно е да ги приложат сите освоени награди.
  2. согласно Конкурсот за доделување на стипендии на талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2008/09 година, редовните ученици од II, III и IV година во периодот 2007-2008 година потребно е да имаат освоено диплома за поединечно освоено I, II или III место на меѓународен или државен натпревар, притоа во електронската пријава се внесува највисоката освоената награда во горе наведениот период, додека со потврдата „Потврдувам дека во периодот од 2007-2008 година, имам освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар“ потврдувате дека ги исполнувате условите согласно Конкурсот. Во периодот кога сите ученици кои се избрани на прелиминарниот список ги поднесуваат потребните документи согласно Конкурсот, потребно е да ги приложат освоените награди.
  3. не внесувајте никакви вредности во полињата од електронската пријава кои не треба да ги пополнувате, бидејќи во спротивен случај системот нема да дозволи вашата пријава да биде распределена и ќе се смета за невалидна.  
 
 

Почитувани ученици,

согласно Конкурсот за доделување на стипендии на талентирани ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2008/09 година, од 01.11.2008 до 13.11.2008 година на овој портал по електонски пат ќе може да  се пријавите за добивање на стипендија.

Секој кандидат има право да се пријави повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава. Секој кандидат при успешна пријава добива потврда дека пријавата е успешно прифатена и идентификационен број кој задолжително треба го испечати или запише. Истиот ќе послужи како доказ дека успешно се пријавил.

Доколку имате проблеми со пополнување на пријавата пишете на ilija.lazarevski@mon.gov.mk

Со притискање на копчето  „Пријави се“  започнете со процесот на електронско пријавување за стипендија за ученици од средното образование за учебната 2008/2009 година.

Новости

Потпишување на договори
за ученички стипендии

Резултати
Конкурси
Потребни документи
Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID