Languages
Насловна
125 стипендии за студенти по информатика
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Студентски кредити
Ученички стипендии
Студентски стипендии
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
ИНСТИТУЦИИ
 
 Потребни документи

Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои конкурирале согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2009/2010 година и се избрани на прелиминарниот список, поднесувањето на документи за студентските домови од Скопје ќе се врши во просториите на Студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу”, секој работен ден од 17.08.2009 - 21.08.2009 година од 09 - 16 часот.

Поднесувањето на документите за студентските домови во Битола, Прилеп, Штип, Охрид и Пробиштип ќе се врши во просториите на домовите.

Во истите термини кандидатите може да поднесат приговор по прелиминарниот список.

При поднесување на документите задолжително e да се понесе индекс и документ за идентификација.

Секој студент потребно е да ги достави следните документи:

  1. Потврда за положени испити;
  2. Потврда за редовен студент;
  3. Потврда за семејно-материјалната положба на студентот, односно неговото семејство;
  4. Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
  5. Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионерите потребно е чек од последната исплатена пензија, за невработените потврда од соодветен орган, за починат родител да се достави чек од семејна пензија и копија од извод на умрените;
  6. Студентите - брачни другари, потребно е да достават копија од извод од матична книга на венчаните;
  7. Изјава од родител - старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана;
  8. Копија од уверение за државјансто на Република Македонија.

Документите на кандидатите од прелиминарниот список, кои се некомплетни и неблаговремено доставени, односно не ги запазиле конкурсните рокови и услови, нема да се рангираат.

Студентите кои не се избрани на прелиминарниот список имаат право на приговор согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2009/2010 година.

Со поднесување на приговор се доставува и целокупната документација која се бара согласно конкурсот за прием.

При поднесувањето на приговорот студентот задолжитено го доставува и идентификациониот број кој го добива при поднесувањето на електронската пријава.

Превземете документи
Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID