Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулира согласно Закон.
Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.
Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од II година и повисоките студиски години ќе бидат објавени на 16.08.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет страната на Министерството за образование и наука.
Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до студентскиот дом, каде студентот конкурирал.
Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 28.08.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука.
Испразнетите места ќе се пополнуваат со студенти од листата на чекање, кои ги исполнуваат условите.
Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од I година ќе бидат објавени на 21.09.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука.
Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до студентскиот дом, каде студентот конкурирал.
Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 28.09.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука.
Доколку се обезбедени соодветни услови слоботните места во студентските домови ќе може да се пополнат и со ученици, редовно запишани во училиштата за средно образование.
|