Учениците, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 – Скопје, од 18.11.2008 до 24.11.2008 година, од 09.00 до 15.00 часот да ги достават следните документи:
- Потврда дека е редовен ученик во учебната 2008/2009 година;
- Заверени фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието;
- Оригинал диплома на увид и заверена фотокопија на нотар за освоено награда на државни или меѓународни натпревари;
- Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит (превземете);
- Изјава дека доставените документи се вистинити, и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава (превземете);
- Уверение за државјанство на Република Македонија.
Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.
Документите на кандидатите кои се некомплетни, неблаговремено доставени согласно конкурсните рокови и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.
|