Почитувани студенти,
согласно Конкурсот за доделување на стипендии за студенти од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2008/2009 година, од 06.11.2008 до 16.11.2008 година на овој портал по електонски пат ќе може да се пријавите за добивање на стипендија. Пред да започнете со пријавување Ве молиме внимателно прочитајте ги условите за доделување на стипендии кои се составен дел на објавениот конкурс.
Секој кандидат има право да се пријави повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава. Секој кандидат при успешна пријава добива потврда дека пријавата е успешно прифатена и идентификационен број кој задолжително треба го испечати или запише. Истиот ќе послужи како доказ дека успешно се пријавил.
Доколку имате проблеми со пополнување на пријавата пишете на ilija.lazarevski@mon.gov.mk.
Со притискање на копчето „Пријави се“ започнете со процесот на електронско пријавување за стипендија за студенти од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2008/2009 година.
|