Languages
Насловна
125 стипендии за студенти по информатика
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Студентски кредити
Ученички стипендии
Студентски стипендии
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
 
 Студентски кредити

Министерството за образование и наука, ги известува сите студенти кои се избрани приговор на конечниот список, дека договорот за студентски кредит и образецот за обврска на жирантите се поставени во делот за потребни документи (Образец за "Договор за студентски кредит", 2009 година). Договорот за студентски кредит потребно е да се испечати во три еднообразни примероци, да се пополни од страна на студентот и заедно со фотокопија од трансакциска сметка, образец за обврска на жирантите, непополнета меница од 100 денари и индекс на увид да се достави до Министерството за образование и наука, ул. Мито-Хаџивасилев бб – Скопје (зграда на поранешна НИП Нова Македонија).

Министерството за образование и наука, Ве известува дека е објавен конечниот список согласно Конкурсот за доделување на студентски кредити од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2008/2009 година. Конечниот список може да го погледнете на следниот линк конечен список.

Министерството за образование и наука ги известува студентите, кои конкурирале согласно Конкурсот за доделување на кредити за студенти од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2008/2009 година, дека поднесувањето на документи за студентите од прелиминарниот список ќе се врши во просториите на Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 од 25.11.2008-02.12.2008 година, од 09.00 до 15.00 часот.

Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.

Студентите од прелиминарниот список потребно е да ги достават следните документи:

  1. Индекс на увид;
  2. Потврда за редовно запи­шан зимски семестар за студиската 2008/2009 година;
  3. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години, во кое ќе биде наведено дека кандидатот има положено 90% од испитите од претходните години;
  4. Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на родителите - старателот на кандидатот;
  5. Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на кандидатот;
  6. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството (за пензионираните испратница од пензија) за месец септември 2008 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата. За невработените членови на семејството, да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат-непримаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат), додека за учениците и студентите потврди од училиштето, односно факултетот;
  7. Изјава  дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит (превземете);
  8. Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава (превземете);
  9. Уверение за државјанство на Република Македонија. 

Почитувани студенти,

согласно Конкурсот за доделување на студентски кредити од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2008/2009 година, од 08.11.2008 до 19.11.2008 година на овој портал по електонски пат ќе може да  се пријавите за добивање на студентски кредит. Пред да започнете со пријавување Ве молиме внимателно прочитајте ги условите за доделување на студентски кредити кои се составен дел на објавениот конкурс.

Секој кандидат има право да се пријави повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава. Секој кандидат при успешна пријава добива потврда дека пријавата е успешно прифатена и идентификационен број кој задолжително треба го испечати или запише. Истиот ќе послужи како доказ дека успешно се пријавил.

Доколку имате проблеми со пополнување на пријавата пишете на ilija.lazarevski@mon.gov.mk

Со притискање на копчето  „Пријави се“  започнете со процесот на електронско пријавување за студентски кредити од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2008/2009 година.

Соопштение за продолжување на студентски кредит

Студентите, кои правото на студентски кредит го стекнале во студиската 2007/2008 година и ги исполнуваат условите согласно потпишаниот договор со Министерството за образование и наука, краен рок за продолжување на студентскиот кредит е 19.11.2008 година.

Новости

Потпишување на договори
за студентски кредит

Резултати
Конкурси
Потребни документи
Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID