Languages
Насловна
Сместување на студенти во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти во студентските домови за студиската 2010/2011
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
 
 Потребни документи

Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 – Скопје, од 18.11.2008 до 24.11.2008 година, од 09.00 до 15.00 часот да ги достават следните документи:

  1. Индекс на увид;
  2. Потврда за редовно запи­шан зимски семестар за студиската 2008/2009 година;
  3. Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години, во кое ќе биде наведено дека кандидатот има положено 90% од испитите од претходните години;
  4. Оригинал диплома на увид и заверена фотокопија на нотар за освоено награда на државни или меѓународни натпревари;
  5. Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на родителите - старателот на кандидатот;
  6. Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на кандидатот;
  7. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството (за пензионираните испратница од пензија) за месец септември 2008 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата. За невработените членови на семејството, да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат-непримаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат), додека за учениците и студентите потврди од училиштето, односно факултетот;
  8. Изјава  дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит (превземете);
  9. Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава (превземете);
  10. Уверение за државјанство на Република Македонија.

Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.

Документите на кандидатите кои се некомплетни, неблаговремено доставени согласно конкурсните рокови и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

Превземање на документи
Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID