Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е до Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 – Скопје, од 25.11.2008 до 02.12.2008 година, од 09.00 до 15.00 часот да ги достават следните документи:
- Индекс на увид;
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2008/2009 година;
- Уверение со бројот на предвидени и положени испити од претходните години, во кое ќе биде наведено дека кандидатот има положено 90% од испитите од претходните години;
- Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на родителите - старателот на кандидатот;
- Уверение од управата за приходи на општината за материјалната положба на кандидатот;
- Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството (за пензионираните испратница од пензија) за месец септември 2008 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата. За невработените членови на семејството, да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат-непримаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат), додека за учениците и студентите потврди од училиштето, односно факултетот;
- Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит (превземете);
- Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава (превземете);
- Уверение за државјанство на Република Македонија.
Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.
Документите на кандидатите кои се некомплетни, неблаговремено доставени согласно конкурсните рокови и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.
|