Languages
Насловна
125 стипендии за студенти по информатика
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Студентски кредити
Ученички стипендии
Студентски стипендии
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
 
 Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година

Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои конкурирале согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2009/2010 година и се избрани на прелиминарниот список, поднесувањето на документи за студентските домови од Скопје ќе се врши во просториите на Студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу”, секој работен ден од 01.09.2009 - 04.09.2009 година од 09 - 16 часот.

Поднесувањето на документите за студентските домови во Битола, Прилеп, Штип, Охрид и Пробиштип ќе се врши во просториите на домовите.

Во истите термини кандидатите може да поднесат приговор по прелиминарниот список.

При поднесување на документите задолжително e да се понесе документ за идентификација.

Секој студент потребно е да ги достави следните документи:

  1. Копија од свидетелства за завршена I, II, III и IV година средно образование заверени на нотар;
  2. Копија од диплома за завршено средно образование заверена на нотар;
  3. Потврда за редовен студент од факултет на кој е запишан кандидатот;
  4. Потврда за семејно-материјалната положба на студентот, односно неговото семејство;
  5. Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
  6. Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионерите потребно е чек од последната исплатена пензија, а за невработените потврда од соодветен орган;
  7. Студентите - брачни другари, потребно е да достават извод од матична книга на венчаните;
  8. Изјава од родител - старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана.
  9. Копија од уверение за државјансто на Република Македонија.

Напомена: Потребните документи може да ги превземете на следниот линк документи.

Документите на кандидатите од прелиминарниот список, кои се некомплетни и неблаговремено доставени, односно не ги запазиле конкурсните рокови и услови, нема да се рангираат.

Студентите кои не се избрани на прелиминарниот список имаат право на приговор согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2009/2010 година.

Со поднесување на приговор се доставува и целокупната документација која се бара согласно конкурсот за прием.

При поднесувањето на приговорот студентот задолжитено го доставува и идентификациониот број кој го добива при поднесувањето на електронската пријава.

Новости

Објавени се конечните резултати

Резултати
Услови за пријавување
Конкурси
Потребни документи
Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID