Министерството за образование и наука ги известува студентите, кои конкурирале согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на студиски програми по информатика за студиската 2008/2009 година, дека поднесувањето на документи за студентите од прелиминарниот список ќе се врши во просториите на Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 од 07.10.2008 до 09.10.2008 година од 09-15.30 часот.
Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.
Студентите од прелиминарниот список потребно е да ги достават следните документи:
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за учебната 2008/2009 година, како и уверение со бројот на предвидените и положени испити од предходните години;
- Фотокопија од лична карта;
- Уверение за државјанство на Република Македонија;
- Индекс на увид;
Напомена: Просечниот успех на кандидатите, кои се на прелиминарниот список е согласно податоците кои ги имаат внесено во електронската пријава и истиот треба да биде потврден со соодветна документација.
|