Languages
Насловна
Сместување на студенти во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти во студентските домови за студиската 2010/2011
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
ИНСТИТУЦИИ
 
 Конкурс за пријавување на студенти во државните студенски домови

Во учебната 2007/2008 година во државните студентски домови и други соодветни објекти за сместување во Република Македонија ќе се примаат  редовни студенти од универзитетите во Република Македонија и тоа во:

  1. СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР “СКОПЈЕ”- СКОПЈЕ со 3.423 легла
    1.1. Студентски дом “Гоце Делчев”- Скопје;
    1.2. Студентски дом “К.Ј.Питу”- Скопје;
    1.3. Студентски дом “Стив Наумов”-машки згради - Скопје;
    1.4. Студентски дом “Стив Наумов”-женска зграда- Скопје;
    1.5. Студентски дом “Стив Наумов”-бараки- Скопје;
    1.6. Студентски дом “Н.Георгиева Дуња”-бараки - Скопје;
  2. ДСД “ПЕЛАГОНИЈА”- СКОПЈЕ со 877 легла
  3. СД “НИКОЛА КАРЕВ” – ОХРИД со 211 легла
  4. СМЕСТУВАЧКИ ОБЈЕКТ “МАКЕДОНИЈА”- ШТИП со 112 легла
  5. ДСД “ОРДЕ ЧОПЕЛА”- ПРИЛЕП со 354 легла
  6. ДСД “Т.СТЕФАНОВСКИ СЕНИЌ”- СКОПЈЕ со 370 легла
  7. СД “КОЧО РАЦИН” БИТОЛА со 370 легла
УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ
  • Право на прием имаат редовни студенти кои се школуваат надвор од местото на живеење и тоа:
    • Редовни студенти на факултети кои имаат помалку од осум семестри и не повторувале студиска година;
    • Редовни студенти на факултети кои имаат осум семестри и не повторувале повеќе од една студиска година;
    • Редовни студенти на факултети кои имаат над осум семестри и не повторувале повеќе од две студиски години;
    • Да се државјани на Република Македонија.
  • Студентите на кои им е изречена дисциплинска мерка исклучување (отстранување) од домот или имаат неподмирени долгови кон домот, немаат право на прием.
НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава, за студентскиот дом каде што бараат да бидат сместени, преку следнава интернет адреса.

Рок за пријавување на студентите од II година и повисоките студиски години трае од 25.07.2007 година до 15.08.2007 година.
Рокот за пријавување на студентите од I година трае од 10.09.2007 година до 20.09.2007 година.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарната ранг-листа, потребно е да ги достават следните документи:

  1. Потврда за успех и редовност во студирањето на студентот-апликант, кои што домовите по службена должност ќе ги земаат од матичните факултети, а на барање на студентот;
  2. Потврда за семејно-материјална положба на студентот, односно неговото семејство;
  3. Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
  4. Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионери чек од последната пензија, а за невработените потврда од соодветен орган;
  5. Студентите – брачни другари, доставуваат извод од матичната книга на венчани;
  6. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана;
  7. Новозапишаните студенти од 1 година, наместо потврда за успех и редовност (точка 2), да достават диплома за завршено средно образование.

Горенаведените  документи се доставуваат до студентскиот дом, каде што студентот конкурирал најдоцна до 24.08.2007 година, а за студентите од I година најдоцна до 26.09.2007 година.

НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИ

Начинот и постапката за прием на студентите во студентските домови и други сместувачки капацитети, како и условите за сместување и исхрана се регулира согласно Закон.

Во согласност со правилникот за прием на студентите, успехот од средното образование, успехот во студирањето, редовноста во студирањето и семејно-материјалната положба на студентите се основните елементи за рангирање и прием на студентите во студентските домови.

Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од II година и повисоките студиски години ќе бидат објавени на 16.08.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и на интернет страната на Министерството за образование и наука.

Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до студентскиот дом, каде студентот конкурирал.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 28.08.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука.

Испразнетите места ќе се пополнуваат со студенти од листата на чекање, кои ги исполнуваат условите.

Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од I година ќе бидат објавени на 21.09.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука.
Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до студентскиот дом, каде студентот конкурирал.

Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 28.09.2007 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и интернет страната на Министерството за образование и наука.
Доколку се обезбедени соодветни услови слоботните места во студентските домови ќе може да се пополнат и со ученици, редовно запишани во училиштата за средно образование.

РОКОВИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

Студентите од повисоките студиски години се вселуваат во студентските домови од 01.09.2007-10.09.2007  година.

Студентите од I година (бруцоши) се вселуваат во времето од 01.10.2007-10.10.2007  година.

Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID