Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои конкурирале согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2009/2010 година и се избрани на прелиминарниот список, поднесувањето на документи за студентските домови од Скопје ќе се врши во просториите на Студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу”, секој работен ден од 01.09.2009 - 04.09.2009 година од 09 - 16 часот.
Поднесувањето на документите за студентските домови во Битола, Прилеп, Штип, Охрид и Пробиштип ќе се врши во просториите на домовите.
Во истите термини кандидатите може да поднесат приговор по прелиминарниот список.
При поднесување на документите задолжително e да се понесе документ за идентификација.
Секој студент потребно е да ги достави следните документи:
- Копија од свидетелства за завршена I, II, III и IV година средно образование заверени на нотар;
- Копија од диплома за завршено средно образование заверена на нотар;
- Потврда за редовен студент од факултет на кој е запишан кандидатот;
- Потврда за семејно-материјалната положба на студентот, односно неговото семејство;
- Потврда за редовност во учењето на учениците и студентите, членови на семејството;
- Потврда за висината на последната исплатена нето месечна плата за секој член во семејството, за пензионерите потребно е чек од последната исплатена пензија, а за невработените потврда од соодветен орган;
- Студентите - брачни другари, потребно е да достават извод од матична книга на венчаните;
- Изјава од родител - старател за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана.
- Копија од уверение за државјансто на Република Македонија.
Документите на кандидатите од прелиминарниот список, кои се некомплетни и неблаговремено доставени, односно не ги запазиле конкурсните рокови и услови, нема да се рангираат.
Студентите кои не се избрани на прелиминарниот список имаат право на приговор согласно Конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2009/2010 година.
Со поднесување на приговор се доставува и целокупната документација која се бара согласно конкурсот за прием.
При поднесувањето на приговорот студентот задолжитено го доставува и идентификациониот број кој го добива при поднесувањето на електронската пријава.
|