Languages
Насловна
125 стипендии за студенти по информатика
Сместување на студенти од прва година во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Сместување на студенти во студентски домови за студиската 2009/2010 година
Студентски кредити
Ученички стипендии
Студентски стипендии
Линкови
Контакт
 Оди на насловниот сајт
 
 
 125 стипендии за студенти по информатика

Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за информатичко општество во недела на 2 ноември 2008 година ќе доделат 125 стипендии на талентираните студенти по информатика од државните и приватните универзитети во Република Македонија, согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на студиските програми по информатика за студиската 2008/2009 година.

Износот на стипендиите изнесува 5.500 денари месечно.

Доделувањето ќе се одржи во Кинотека Македонија во 12.00 часот.

Министерството за образование и наука ги известува сите студенти кои се на конечниот список согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на студиски програми по информатика за студиската 2008/2009 година, дека договорот за стипендија ќе го потпишат во просториите на Министерството за образование и наука, ул. “Пролет” бр. 1, Скопје на 27, 28.10.2008 год. од 08:30-18.00 часот и 29.10.2008 година до 11:00 часот.

Секој студент со себе да понесе индекс и фотокопија од лична карта.

Министерството за образование и наука, Ве известува дека е објавен конечниот список согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на студиски програми по информатика за студиската 2008/2009 година.

конечен список

Министерството за образование и наука ги известува студентите, кои конкурирале согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на студиски програми по информатика за студиската 2008/2009 година, дека поднесувањето на документи за студентите од прелиминарниот список ќе се врши во просториите на Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1 од 07.10.2008 до 09.10.2008 година од 09-15.30 часот.

Во истите термини се поднесуваат и приговори со целокупната документација, која се бара согласно конкурсот.

Студентите од прелиминарниот список потребно е да ги достават следните документи:

  1. Потврда за редовно запи­шан зимски семестар за учебната 2008/2009 година, како и уверение со бројот на предвидените и положени испити од предходните години;
  2. Фотокопија од лична карта;
  3. Уверение за државјанство на Република Македонија;
  4. Индекс на увид;

Напомена: Просечниот успех на кандидатите, кои се на прелиминарниот список е согласно податоците кои ги имаат внесено во електронската пријава и истиот треба да биде потврден со соодветна документација.

Почитувани студенти,

согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на студиски програми по информатика за студиската 2008/2009 година, од 10.09.2008 до 30.09.2008 година на овој портал по електонски пат ќе може да  се пријавите за добивање на стипендија.

Кандидатот има право да се пријави повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава. Секој кандидат при успешна пријава добива потврда дека пријавата е успешно прифатена и идентификационен број кој задолжително треба го испечати или запише. Истиот ќе послужи како доказ дека успешно се пријавил.

Доколку имате проблеми со пополнување на пријавата пишете на ilija.lazarevski@mon.gov.mk

Продолжување на стипендија

Корисниците на стипендија, согласно потпишаниот договор со Министертсвото за образование и наука, потребната документација за продолжување на стипендијата да ја достават најдоцна до 30.10.2008 година, во просториите на Министерството за образование и наука, ул. Пролет бр.1, Скопје.

СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИ ПО ИНФОРМАТИКА

Министерството за образование и наука во насока на реализирање на програмските определби на Владата на Република Македонија за подобрување на квалитетот на образованието и унапредување на информатичкото општество, доделува стипендии за студенти по информатика со цел да ги стимулира во постигнување на подобри резултати во студирањето. 

Намерата на Владата на Република Македонија е на високообразовните институции да студираат мотивирани млади луѓе со цел да стекнат компатибилни знаења со светските достигнувања во областа на информатиката и да бидат конкурентни на пазарот на трудот. 

Вкупните напори, Република Македонија да се престави како пожелна дестинација за инвестирање не може да се оствари без вложување во младите генерации. Владата на Република Македонија тоа го знае и затоа вложува во иднината на Македонија.

Министерството за образование и наука ги известува сите студенти корисници на стипендија за 125 информатичари, дека се исплатени сите месечни рати предвидени со договорот за академската 2007/2008 година.

2008/2009 година
2007/2008 година
Framework for Evaluation and Ranking of Online Submitting request - FEROS 2007
Sponsored by USAID